19 Мај, 2024
0.0309

Георгиевски со партиско соопштение: Во бугарската историја дури се инсистира на зборот македонски, зошто сега се проблематизира?

Објавено во: Македонија 06 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

 ВМРО-Народна партија чиј лидер е Љубчо Георгиевски смета дека последниот проблем кој изникна од заедничката Комисија за историски прашања, а тоа е употребата на придавката „македонски“ навистина ја прави ситуацијата помалку ирационална па дури и трагикомична. Од партијата во соопштение велат дека не можат да разберат зошто на овој состав историчари предводени од почитуваниот професор Ангел Димитров им пречи придавката „македонски“ кога во целата бугарска историографија во последните 150 години придавката „македонски“ е максимално присутна и ја има скоро во секоја бугарска историска книга која се занимава со македонското прашање не навлегувајќи во тоа што тие подразбираат под зборот „македонски“.

„Дека ситуацијата оди во ирационален правец само ќе потсетиме дека има и такви институции кои во бугарската историографија инсистира на зборот „македонски“, а македонската пак историографија воопшто и не сака да слушне на тие места за зборот „македонски“ па еве неколку примери: Македонски врховен комитет, Македонска патриотска организација, Македонски братства, Македонски научен институт, Македонски преглед (весник), Македонско ополчение, Македонска единаесетта дивизија, Македонски културен дом. Ова се само неколку од многуте примери кои го потврдуваат моментот дека дискусијата веќе добива и комичен карактер ако ги иземеме секојдневните негативни емоции кои растат од ден на ден помеѓу граѓаните на Македонија и Бугарија, стои во соопштението.

Додаваат и дека историчарите во иднина нема да создаваат нови пробелми таму каде што ги нема, а дека ќе ги решат на прифатлив начин таму кај што реално постојат.


Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално