Георгиевски: Јас лично сакав да го тужам СЈО
Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019
Поранешниот премиер Љупчо Георгиевски во интервју за Тв 24 вечерва изјави дека во судството има многу големи дискрепанци, правди и неправди.
Вели дека најверојатно имаме проблем и со законите. Георгиевски рече дека за 10 или 15 функции може да бидат донесени луѓе од проверени држави, од надвор за да се воведе ред во земјата.
Смета дека дел од истрагите на СЈО се користени за земање рекет.
„Јас лично сакав да го тужам СЈО, но некои адвокати ми рекоа „ќе ти извадат приватни муабети, па ќе се чудиш“. Постоеше тоа дека не смее да се чепка со СЈО“, вели Георгиевски за случајот „Поштенска банка“.
Eкс премиерот се сомнева дека во десетина предмети има рекетирани луѓе.
Додава дека „Рекет“ е многу сериозен случај за да меѓународната заедница го става под тепих.