ГЕНИЈАЛЕЦ ПО МАТЕМАТИКА: Одбил работа во Лондон и останал во својата земја
Објавено во: Балкан 25 Декември, 2017
Харун Хиндија бил меѓу најдобрите 5 студенти на универзитетот во Сараево.
Две години подоцна ништо значајно не се сменило, освен што Харун сега е магистер.
Тој е бивши олимпиец и добитник на многу медали.
Негова најголема желба е да ја примени науката во пракса и тоа да го направи во БиХ.
На натпреварите каде учествувал привлекол внимание кај бројни ИТ компании, но тој инсистира со своето знаење да помогне на матичната држава.
Имал понуда за работа во Лондон, но ја одбил. Смета дека во БиХ нема соодветни работни места кои ќе ги задржат младите.
„Многу е важно да собереме знаење кое подоцна ќе можеме да го искористиме“- вели тој.
Хиндија раскажува дека многу млади луѓе учат само за оценка и потоа не можат да се снајдат на своето работно место.