Добивај вести на Viber
Во 2013 година Газпром, од кој Европа добива речиси една четвртина од природниот гас, го зголеми извозот кон регионот и Турција до рекордно ниво , откако клиентите на руската компанија ги намалија цените на снабдувањето , а студеното време беше причината за зголемената побарувачка , пишува Bloomberg .
Прелиминарните податоци на енергетскиот гигант покажуваат дека во 2013 година испораките се зголемени за 16% до 161,5 милијарди кубни метри . Во оваа бројка не се вклучени количините со кои се тргува меѓу ограноците на руската компанија во Европа , појаснуваат од компанијата. Претходниот рекорд беше поставен во 2008 година и тогаш обемот беше 160 милијарди кубни метри.
Германија , Италија и Велика Британија увезувале најмногу од Русија оваа година , изјави за Bloomberg извор од компанијата , кој побарал анонимност .
Извозот на руски гас се зголеми по падот во 2012 година , како и на почетокот на оваа година каде што студеното време беше причината за брзото исцрпување на залихите . Клиентите од Европа , вклучувајќи ги германската RWE AG и италијанската Eni SpA , веќе испорачаа гас по пониски цени , откако склучија долгорочни договори со Гаспром .
Снабдување на Газпром во Германија , која е најголемиот клиент од земјите во Европската унија , се зголемија за повеќе од 20% и достигнаа количина карактеристична за периодот пред почетокот на економската криза .
Од Гаспром одбија да коментираат колку гас бил доставен во Русија и во поранешните советски републики.