Газдата на Секјуриком избегал од Македонија без пасош?
Објавено во: Економија 04 Септември, 2018
Газдата на фирмата „Секјуриком“, Австриецот Волфганг Гампер, избегал од Македонија со одземен пасош од судот, иако е осомничен за злоупотреба на службена положба, објави СДК.
Против него се уште не е распишана потерница, но судот констатирал дека не се јавил последниот пат иако имал обврска за тоа според одредените мерки за претпазливост, но одлучено е дека му следува 30-дневен притвор штом биде лишен од слобода.
Гампер од финансиката полиција е осомничен заедно со поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи Васе Доневски за 11-милионски тенедер за одржување. со тоа што едниот мораше да се пријавува во судот дека е во Македонија, а вториот беше спроведен во притвор.