19 Мај, 2024
0.0272

Завршија Деновите на македонската традиција во Белград

ГАСТРОНОМСКИ РЕЉЕФ НА ШЕФ ОГНЕНОВСКИ ЗА ВООДУШЕВУВАЊЕ НА БЕЛГРАЃАНИ

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

''Јас сум промотор на здравата и функционална храна, а производите за неа ги наоѓам насекаде низ Македонија. Тоа е нашиот гастрономски Алшар и таа наша богата ризница ја претставувам низ регионот и низ земјите од светот!,, вели Шеф Влатко Огненовски

Вратите на ексклузивниот белградски ресторан Ковач и оваа година беа ширум отворени за организација на познатата манифестација Денови на македонската традиција. Како резултат на добриот одзив од минатогодишната манифестација и големиот интерес на љубителите на македонската култура и гастрономија во српската метропола, оваа година веќе традиционалниот настан траеше дури две недели, од 8-ми до 22-ри мај.

Главен гостин, но и ко-домаќин и координатор на манифестацијата беше нашиот популарен готвач - Шеф Влатко Огненовски, кој на сите гости намерници, но и посетители на манифестација им овозможи двонеделно гурманско патување преку промоција на богатата традиционална македонска кујна и гастрономска култура.

На двонеделниот настан, проследен со забележителна медиумска помпа, при што шефот Огненовски беше претставуван како Македонскиот Џејми Оливер, исклучиво се служеа македонски специјалитети и традиционални јадења, како и македонски вина и ракија од винаријата Стоби.

''Белград, белграѓани и, воопшто, Србија, ширум ги отворија своите срца и сопствените рецептори за уникатно гастро-уживање што им го приредивме со презентација на традиционалната македонска кујна, но и преку фузија на традиционалното со модерното кулинарство. Јас сум промотор на здравата и функционална храна, а производите за неа ги наоѓам насекаде низ Македонија. Тоа е нашиот гастрономски Алшар и таа наша богата ризница ја претставувавм низ регионот и низ земјите од светот, насекаде каде што настапувам. Велам настапувам, а не само готвам, затоа што гастрономијата е шоу за сите сетила!,, вели шеф Огненовски.

Шеф Огненовски на спекакуларното отварање во ресторанот Ковач, присутните гости и бројните претставници на медиумите ги воодушеви со гастрономски подготвениот релјеф од храна, со кој што ја претстави нашата национална кујна, како своевидно кулинарско патување преку вкусовите. Деновите на македонската традиција беа збогатени со настапот и препознатливата музика на ''Љубојна,, како дополнување на гастрономското уживање. Низ двете недели на настанот, поддржан и од Амбасадата на Република Македонија во Република Србија, македонските традиционални специјалитети имаа можност да ги вкусат гостите на еминентниот белградски ресторан, меѓу кои и дипломати, политичари, преставници на бизнис естаблишментот, естрадни ѕвезди...

Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст