18 Мај, 2024
0.0285

ГАСИФИКАЦИЈА: По која цена ќе се снабдуваат домаќинствата?

Објавено во: Економија 21 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика ги изготви и објави тарифните системи за пренос на природен гас, организирање и управување со пазарот на природен гас и за дистрибуција на природен гас. Овие тарифни системи се усогласени со, исто така, новоподготвениот правилник за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи на компаниите кои што ќе работат на гасниот пазар во земјава.

Регулаторната комисија имаше обврска да ги изготви овие документи во рок од шест месеци од денот на влегување во сила на Законот за енергетика и тие сега се на јавна расправа. Сите заинтересирани страни се повикани да ги дадат своите сугестии, забелешки и предлози најдоцна до 7 декември.

За пошироката јавност, најинтересен е тарифниот систем за дистрибуција со кој се уредува начинот на формирање на тарифите што потрошувачите треба да ги платат за користење на системот за дистрибуција на природен гас. Според карактеристиките и динамиката на користење на дистрибутивниот систем, со овој тарифен систем се дефинираат следните категории потрошувачи: производители на топлинска енергија кои што имаат обврска за обезбедување на јавна услуга, производители на топлинска и електрична енергија од комбинирани постројки, домаќинства и останати потрошувачи. Сите тие ќе плаќаат месечен надоместок што ќе се пресметува врз основа на потрошената количина на природен гас и тарифата за дистрибуција на природен гас. Регулаторната комисија ќе утврдува посебна тарифа за секоја категорија потрошувачи еднаш годишно.

Според најавите, веќе следната грејна сезона може да се очекува на дистрибутивната гасоводна мрежа во Скопје да се приклучат првите домаќинства.

- Гасификацијата, односно развојот на дистрибутивната мрежа треба да претставува приоритет во наредниот период со цел да им се даде можност на домаќинствата да го користат природниот гас, пред се за загревање, но и за топла вода и готвење, посебно на тие што живеат во индивидуални куќи- изјави неодамна Марко Бислимовски, претседател на РКЕ.

Тој порача дека треба да се обрне внимание на трошоците за приклучок кон оваа дистрибутивна мрежа, односно предлага тие да бидат што е можно пониски во однос на реалната цена за приклучокот, а разликата да ја плаќа соодветната општина или Градот Скопје. Така гасот ќе биде конкурентен и поголем број домаќинства ќе преминат од греење на дрва на природен гас.

Основата за пресметка на тарифите е поставена во Правилникот за определување на регулиран максимален приход и регулирани просечни тарифи. Примената на овој Правилник се однесува на друштвата кои имаат обврска да обезбедат јавна услуга за пренос на природен гас, организирање и управување со пазарот на природен гас и дистрибуција на природен гас.

Како што велат во РКЕ, регулирањето на тарифите, се заснова на начелата на објективност, транспарентност и недискриминација и со нив, меѓу другото, се обезбедува: урамнотежување на интересите на вршителите на енергетски дејности и потрошувачите на природен гас, заштита на потрошувачите од каква било злоупотреба на доминантната позиција на пазарот, креирање на мерки за поттикнување на ефикасно работење на вршителите на енергетски дејности, вршителите на енергетски дејности да ги надоместат оправданите трошоци, како и да стекнат соодветен принос на капитал, финансиски средства неопходни за инвестиции со кои ќе се обезбеди одржливо и сигурно функционирање на енергетските системи, отстранување на вкрстените субвенции меѓу групите потрошувачи и прелевање на приходите и трошоците при вршење на регулираните и/или нерегулираните енергетски дејности и надоместување на трошоците за набавка на природен гас за покривање на загубите во системот за пренос и системот за дистрибуција на природен гас.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа