29 Април, 2024
0.0254

Галиите, фекалиите и барокот…

Објавено во: Економија, Колумни 08 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Апокалипса е можеби премногу суров и јак збор за она што се случуваше во саботата вечер, но некако најпластично може да ни го појасни ужасот што многумина го почуствуваа таа саботна ноќ. Нема да говорам за сопственото искуство кое беше навистина страшно, бидејќи во такви мигови сфаќате колку сте минорни и немоќни пред природата. Но револтот кај мене е толку голем, што можеби и несоодветно за еден верник да спроти празник изблуе зборови кои некого ќе повредат, а некого ќе го остават рамнодушен, но сепак поентата ми е сосема едноставна,  безидејноста и непланската градба си го наплаќаат данокот, и не ставањето на приоритети во планирањето и градењето кога тогаш ќе се удрат од глава. Знаат ли општинските татковци кои им се приоритетите? Прво нешто што сакам да појаснам е дека она шти ни се случи во саботата е елементарна непогода, доказ и показ дека природата си работи и не можеш со неа да планираш. И тоа е така и прифаќаме со чиста совест дека секаде може да се случи елементарна непогода и дека тоа е надвор од доменот на човечката моќ. Но, она што револтира и иритира, а секако и боли е прашањето за можноста колку таа непогода можеше да биде помала и да се избегне катастрофа од овие размери. Кај луѓето расте гневот и постојано се прашуваат дали приоритет на градските и општинските татковци им се спомениците, коњаниците, профитите или градењето на улиците со соодветни канализациони мрежи? Исто така револтот е поголем кога ќе чуете дека некое мајмунче треба да живее во кафез од 200 000 евра, да се гради панорамско тркало кое ќе чини милиони евра, врби во Вардар кои чинат баснословно, а никогаш не сме ги виделе,  а за настраданите жртви од поплавите се говори на сет глас за 3000 евра кои ќе им биле неповратно доделени... Мизерија, па зар тие пари можат да ја смират болката на оние кој изгубиле некој ближен... Колку пари залудно фрлени, колку приоритети запоставени... Толку ме боли душата и ми се кине од гнев кога ги гледам насолзените очи на децата што останале без покрив над главата и ги слушат молбите за помош на оние кои со години си печалеле и се вдомувале и сега за миг се им е однесено во неповрат. Затоа сум лута и кивна и затоа се потсетувам на сите будалаштини на носителите на градски и државни функции, бидејќи приоритет им беа споменици, панорамски тркала, плажи на Вардар, жални врби, галии, е сега барем можат да видат  бенефит од едно нешто-галиите конечно пропливаа, ама во фекалии... Морбидни се дури и шегите кои се шират на социјалните мрежи дека лавовите и спомениците имале и добра функција, сме можеле да се качиме на нив во случај на нова елементарна непогода... Колку пари залудно фрлени, колку приоритети запоставени... Да пружиме несебично рака и да им помогнеме на луѓето Дефинитивно не е време за партиски преписки и партиски обвинувања, бидејќи мизерно е да собираш политички поени на туѓа несреќа. И затоа не можам да сфатам кога на медиумите, наспрем информациите кои сите не засегаат и со загриженост ги следиме за штетите од секаков ранг предизвикани од поплавите, ќе видам како првиот човек на државата реферира ревносно на лидер на политичка партија, на кому треба да му бидеме благодарни дека го прекинал својот одмор.... Ало, па дали треба да се реферира на секој партиски лидер, оваа не е политичка кампања, ова е елементарна непогода и не треба да се става повторно партијата над државата. Ова е време на обединување бидејќи сите имаме иста цел, да се помогне, во секоја смисла на зборот, на оние на кои помошта им е неопходна, да се сплотиме и обединиме бидејќи идеологијата и каузата ни се второстепени, примарна ни е вредноста за човечност, алтруизам и помагање, бидејќи на наши сограѓани и те како им е неопходна помош. Да пружиме несебично рака и да им помогнеме, да се вложиме сите максимално, бидејќи несреќите ги обединуваат луѓето П.С. И можеби навистина нема класична човечка одговорност, но постои нешто друго што се вика морал, образ и чест, и таа морална одговорност тежи многу повеќе, но за да ја имаш треба да поседуваш совест, која ќе те опоменува, а очигледно кај многумина таа затаила, посебно кога можат мртви ладни без трепет на окото да се сликаат и да кажат јас не прифаќам никаква одговорност. Проф. Д - р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет - Скопје

Можеби ќе ве интересира

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

КОЈА ФАБРИКА ЗА ЧОКОЛАДИ „НАБИЛДА“ ДОБИВКА ОД 240 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - еве кои се причините

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

ЗА ЈАХТИ, ХАЦИЕНДИ И СКАПИ КОЛИ ЌЕ СЕ ПЛАЌА ПОСЕБЕН ДАНОК, ЗА ПЛАТИ НАД 7.700 ЕВРА 40 ОТСТО ПЕРСОНАЛЕЦ - еве какви решенија нуди Левица

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

НАЈНОВА СТАТИСТИКА: Србите сѐ помалку бараат работа во странство, младите сѐ повеќе одлучуваат да останат во својата земја

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка