05 Мај, 2024
0.0264

(ГАЛЕРИЈА) Заев: Владата заедно со комесарот Хан прецизираше документ за реформите

Објавено во: Македонија, Галерија 26 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија заедно со комесарот Хан прецизираше документ за реформите кои треба да се спроведат, изјави денеска премиерот Зоран Заев по завршувањето на разговорите со комесарот за проширување, Јоханес Хан и делегациите.

Заев објасни дека се работи за документ со име „Патоказ“, кој до 1  јули треба да се заокружи, односно да се комплетира и да се објави во јавност.

Вели дека во овој документ се вклучени владеење на правото, слободни медиуми, Рамковниот договор и извештајот на Прибе.

Заев очекува следната година земјите членки да се фокусираат на дискусија за влез на Македонија во Европската Унија. Премиерот ја повика опозицијата активно да се вклучи во спроведување на реформите.

„Доколку дејстуваме заедно успехот ќе биде заеднички и загарантиран“ - вели Заев.

Доколку реализирањето на реформите се одвива според планот, Европската Унија треба да даде позитивна оценка.

Хан порача дека е исклучително важно да се работи на реформската агенда која уште утре ќе биде потпомогната од експерти од ЕУ. Тој вели дека исполнувањето на итните реформски приоритети нема цел да ги задоволи земјите членки на ЕУ, туку да го подобри животот на граѓаните во Македонија. Хан попладнево ќе има средби со лидерите на политичките партии.

ФОТО ФАКТОР


Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден