26 Април, 2024
0.0332

(ГАЛЕРИЈА) Селмани: Полицијата да научи дека новинарите на протести не и се непријатели

Објавено во: Македонија, Галерија 12 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Полицијата треба да научи дека новинарите, кои известуваат од протести не и се непријатели, туку исто така професионалци на службена должност, кои треба да се заштитат ако бидат нападнати од учесниците во протестот. Таа заштита ја заслужуваат согласно домашното и меѓународното право. 

Ова го порача денеска претседателот на ЗНМ, Насер Селмани на отворањето на работилницата посветена на подобрување на безбедноста на новинарите за време на критични настани, во организација на ЗНМ, МВР, со поддршка на ОБСЕ. 

Селмани нагласи дека обуките за безбедност на новинарите за настани од висок ризик се заедничка заложба на ОБСЕ, ЗНМ и МВР со цел да се изградат институционални механизми за создавање побезбеден амбиент за новинарската работа. 

- Едногласни сме дека насилството врз медиумските работници е неприфатлива практика за една демократска земја. Како важен елемент во функционирање на демократските процеси тие имаат право да работат во амбиент без закани и притисоци. Нивната мисија за информирање на граѓаните и барање отченост од секоја влада нема да се исполни ако работат во услови на страв и несигурност, рече Селмани.

Изрази уверување дека состојбата со медиумите во Македонија значително ќе се подобри ако се стави крај политиката на неказнивост на нападите врз новинари.

Работилницата е дел од напорите за подобрување на соработката меѓу новинарите и полицијата, откако МВР и ЗНМ во декември минатата година потпишаа меморандум за соработка.

На рабтолницата раководителите на секторите за внатрешни работи заедно со новинарите детални ги анализираат проблемите со цел да се подобри комуникацијата меѓу нив и во иднина секој во својата сфера на дејствување да дава придонес за демократизација на општеството.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски истакна дека примарно за секое деморкатско општество е непречено работење на медиумите.

- За жал во последните неколку години бевме сведоци на бројни напади и притисоци врз новинари. Нема никакво оправдување за ваквите напади. Ставот на владата е јасен и постојано го повторуваме - нула толеранција за каков било обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето, рече Спасовски.

Од 1 јуни 2017 година до денес регистрирани се 12 случаи во кои е загрозена безбедноста на новинарите и сите 12 се расчистени од страна на МВР.

Насилството врз новинарите содржи повеќе аспекти, посочи в.д. амбасадор на ОБСЕ Џеф Голдстајн на отворањето на настанот.

Појасни дека насилството врз новинари не се само вербални и физички напади, туку и незаконски притворања, уништување имот, произволни рации во редакциите или во домот на новинарите, говорот на омраза, напади на социјалните мрежи и закани за сексуални напади врз новинари жени.

Мисијата на ОБСЕ, како што посочи Голдстајн од лани почнала повторно со активности во сферата на слободата на медиумите, со фокус на безбедноста на новинарите, поради тоа што сметаат дека новата влада ќе биде подготвена да соработува со новинарските здруженијата и меѓународните организации за подобрување на ситуацијата.

Последните две работилници денеска и утре се реализираат во Скопје, а претходно вакви работилници имаше во Охрид, Куманово, Штип, Струмица и Тетово. Обуките, меѓудругото, имаат цел да ги запознаат припадници на полицијата за важноста на улогата на новинарите за информирање на граѓаните за настани од висок ризик, како што се протестите. 



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот