15 Мај, 2024
0.0259

(ГАЛЕРИЈА) Новото „Мондео“ го осветли одбележувањето на 20-годишнината на „Форд“ во Македонија

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Возбудлив перформанс, откривање на новиот модел на „Мондео“ и многу гости од јавниот живот беа дел од вечерта со која што „Ми-Да Гранд Моторс“ го означи 20-годишното присуство на „Форд“ во Македонија. Во својот салон во Скопје компанијата потсети на развојот од скромните почетоци во 90-тите години до актуелната позиција во врвот на автомобилскиот бизнис во земјава.

- Знаејќи ја брзината со која се менува индустријата со автомобили, развојот од мал, семеен, сервис за миење возила до претпријатие што припаѓа на значајна регионална групација, е подвиг што, веруваме, заслужува почит. Од стартот до денес „Ми-Да Гранд Моторс“ продаде над 10.000 нови патнички и товарни возила „Форд“, создаде мрежа од 430 флотни клиенти, меѓу кои се 15 општини, пет министерства, 15 амбасади и десет јавни претпријатија - истакнува Марјан Миновски, основач на Ми-Да и сегашен косопственик на „Ми-Да Гранд Моторс“.

Ford_Mondeo01

Голем скок напред ова претпријатије оствари во 2012 година кога се засили со капиталот и со искуството на „Гранд аутомотив груп“ што функционира во рамки на израелскиот холдинг „Тавура“. Со нивна помош „Ми-Да“ стана дел од една широка мрежа во регионот чија цел е подигнување на нивото на услуги, унапредување на бизнисот и поефикасното задоволување на потребите на купувачите

Потврда дека компанијата веќе посветено работи на следните чекори од својот развој дојде со презентацијата на новото „Мондео“.

Токму на оваа прослава на 20-годишнината на „Форд“ во Македонија моделот за првпат беше претставен во земјава, а воедно беше и меѓу првите промоции во Европа.

Ford_Mondeo02

- Новото „Мондео“ има широка палета паметни технологии. Произведено е во целосно нова фабрика, а за неговата изработка се применети сосема нови процеси на производство. Дизајнот е фантастичен и зголемено е нивото на крајна доработка, односно употреба на материјали и финеси. Секако дека ова не е сè, новото „ФОРД Мондео“ нуди уште многу повеќе и затоа сме убедени дека ќе ја освои јавноста и - ќе го осветли патот - вели Дритон Заири, генерален директор на „Ми-Да Гранд Моторс“.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти