(ГАЛЕРИЈА) Луксузната вила на Пенелопе Круз во Миконос на продажба
Објавено во: Стил 20 Март, 2015
Вилата на Пенелопе е фантастичен поглед, сместен на грчкиот остров Миконос, во неговото престижно Агиос Лазарос подрачје.
Покрај својата идеална положба, оваа вила со околу 700 м2 има совршена современа архитектура и сите луксузни погодности кои би можеле да ги посакате. Има пет спални соби за гости, при што секоја има свое приватно купатило, но секако главната спална соба е најимпресивна. Модерната, целосно опремена кујна е совршенство за сите готвачи и љубители на готвењето. Покрај тоа, на овој имот се наоѓаат и луксузни погодности како домашно кино, сателитски ТВ сет, клими и прватен генератор.
Ентериерот на оваа вила секако е привлелен, но нејзиниот екстериер е уште подобар. Во него се наоѓаат простран инфинити базен како главен украс, околу кој се разместени просторите за уживање, релаксација и забава на сонце. Величенствениот поглед на Егејското море овде има голема улога и доста го подобрува целото искуство.
Оваа неверојатна вила во моментов е на продажба, но не се сомневаме дека многу брзо ќе го најде својот сопственик. Цената на луксузната вила во рајското опкружување на Миконос е 6,8 милиони долари.