14 Декември, 2025
0.2301

(ГАЛЕРИЈА) Активисти бараат отворање на државни шелтери за вдомување на бездомните кучиња

Објавено во: Македонија, Галерија 13 Јануари, 2023 17:38

Добивај вести на Viber

По настанот во Струга, каде беа убиени улични кучиња, денеска се одржа протест пред Владата. 

Aктивистите за заштита на правата на животните денеска протестираа откако пред три дена стружанец со ловечка пушка уби 10 кучиња. Бараат властите да преземат мерки за решавање на овој проблем.

„Решението на проблемот е во отворање на ветените државни шелтери за вдомување на бездомните кучиња, да се воведе задолжителното микрочипирање на милениците, како и задолжителната стерилизација односно кастрација на милениците, која за помалку од три години би го решила проблемот со кучињата скитници“, рекоа активистите на протестот.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска објасни дека го задолжил министерот за земјоделство Љупчо Николовски да се изготви нов закон за миленици.

Општина Струга изрази благодарност до премиерот Димитар Ковачевски, како и до сите членови на Владата, за како што велат, „пристапување кон нивната иницијатива, за да се реши еднаш засекогаш сериозниот пробелм со кучињата скитници“.

фото Вангел Тануровски


Можеби ќе ве интересира

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија