Општина Струга му се заблагодари на Ковачевски за иницијативата за кучињата скитници
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2023 10:34
Општина Струга изрази благодарност до премиерот Димитар Ковачевски, како и до сите членови на Владата, за како што велат, „пристапување кон нивната иницијатива, за да се реши еднаш засекогаш сериозниот пробелм со кучињата скитници“.
- Добивме многу добра вест во врска со проблемот, веќе покренат на државно ниво, со третманот на кучињата скитници. Општина Струга стана иницијатор за решавање на ова многу деликатно прашање. Впрочем, добивме гаранција од премиерот Димитар Ковачевски, кој го подигна ова прашање на повисоко институционално ниво, за да се реши на национално ниво.
Општина Струга постојано бараше овој проблем да се решава во највисоките државни институции, од кабинетот на премиерот и владиниот кабинет, до националните агенции со ексклузивни законски овластувања. За решавање на овој проблем, потребна е државна интервенција со сите расположливи механизми, од државниот буџет, до државни институции и меѓународни проекти, наведуваат од струшката локална самоуправа, се вели во соопштението на општината.
На крајот осамна порака „Заедно сме посилни“ во објавата што е поставена и не ФБ на градоначалникот Рамиз Мерко.
Коментирајќи ги проблемите со бездомните кучиња кои кулминираа во последните денови по убиството на десетина кучиња во Струга, премерот Ковачевски најави дека иако овој проблем не е во надлежност на државата ќе се побара помош од Брисел преку ИПАРД-програмите да биде изграден стационар во кој ќе се згрижуваат кучињата скитници.
„Јас разговарав со министерот за земјоделство, при следната посета на Брисел, со соодветните сектори да разговараме за одредена соработка преку ИПАРД-програмите и доколку може да се направи некој модел на стационар што ќе биде некаков државен проект, иако не е ингеренција на државата, со цел да можеме да им помогнеме на граѓаните и на општините во справувањето со овој проблем“, рече вчера Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање.
Можеби ќе ве интересира
АНГЕЛОВ ЗА ДЕНЕШНИОТ ПРОТЕСТ НА ДУИ: Дали се работи за добро осмислено и подготвено сценарио за напад врз власта?
ЕВЕ КАКВО ОРУЖЈЕ ЌЕ УНИШТУВА МВР ДЕНЕС: Запленето е пред 15 години, ќе биде транспортирано на Криволак со воени возила
ЈАНЕВА ГО НАПУШТИ КПУ „ИДРИЗОВО“: Доби условен отпуст
Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел
Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија
БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“
СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините
Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон




