18 Мај, 2024
0.0280

ФУДБАЛ И БИЗНИС: Скромни буџети за скромни резултати?!

Објавено во: Економија 29 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

УЕФА лани му исплатила над 418.000 евра на фудбалскиот клуб „Металург“. Ова е досега единствен официјално објавен износ на пари од УЕФА за наш клуб за учество во квалификациски кола на Лига на Европа. Во летото 2014 година „Металург“ успеа да стигне до третото квалификациско коло од Лига Европа што е најголем успех по педесетгодишната историја на скопски „Металург“. Средствата од УЕФА биле 64 отсто од сите приходи во годишниот буџет на „Металург“.  Македонскиот фудбалски првологаш „Металург“ лани добил 418.150 евра од Европската фудбалска асоцијација УЕФА, пишува во финансискиот извештај на независниот ревизор објавен на интернет страницата на Македонската берза. Ова е прва официјална објава на износ на финансиски средства кои ги добил наш фудбалски клуб за настапи во квалификации на меѓународни наптревари што ги организира УЕФА. Во летото 2014 година „Металург“ успеа да стигне до третото квалификациско коло во Лига Европа, кога на спектакуларен начин во второто коло го помина сараевски „Железничар“, но загуби потоа од за него пресилната екипа на Омонија од Кипар. Како и да е „Металург“ го постигна најголемиот успех на меѓународна сцена со тоа што стигна до третото коло на ова меѓународно натпреварување. Приходите кои врз основа на тој успех ги доби од УЕФА изнесуваат 25,88 милиони денари (418.150 евра) и наполнија 64 отсто од сите приходи во годишниот буџет на „Металург“. Во оваа сезона од реклами и спонзорства „Металург“ приходувал уште 12,75 милиони денари (околу 200.000 евра), а од продажба на телевизиски права во клубот влегле уште 1,045 милиони денари односно околу 17.000 евра. Во извештајот ги има и приходите од продадени влезници, податок што ретко може да се најде во земјава, и тие изнесуваат 284.000 денари односно помалку од 5.000 евра вкупно. Иако малку овие приходи бележат солиден раст споредени со приходите од 2013 година кога „Металург“ од влезници имал само 99.000 денари за цела сезона. Вкупниот годишен буџет на клубот во 2014 бил 40,33 милиони денари, а вкупните расходи биле 38,63 милиони денари. Добивката што ја сотварил клубот лани изнесува 1,23 милиони денари и е речиси два пати помала од преклани кога изнесувала 3,33 милиони денари. Во сезоната 2014-2015 „Металург“ бил шестопласиран, претходната 2013-2014 година бил второпласиран, а претходната сезона завршил на третото место. Шкендија од Тетово лани со буџет од 1,65 милиони евра, а „Силекс“ игра со 380.000 евра Според достапните податоци од ревидирани извештаи на сајтот на берзата можат да се видат и буџетите и билансите на уште два прволигаши: „Шкендија“ од Тетово и „Силекс“ од Кратово. Како што пишува, „Шкендија“ лани имала годишен буџет од 99,5 милиони денари односно 1,65 милиони евра. „Силекс“ лани бил многу поскромен, сезоната ја поминал со 380.000 евра. Во билансите на двата клуба нема евиденција дека имале приходи од УЕФА иако „Шкендија“ играла во квалификациски кола во Лига Европа. Во сеозната 2014-2015 „Шкендија“ со буџет од 1,65 милиони евра успеала да го освои третото место, а „Силекс“ со 4,5 пати помалку пари завршил на петтото место. Досега овие се единствените три фудбалски клуба чии годишни извештаи за 2014 година можат да се најдат на страницата на Македонската берза. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа