03 Мај, 2024
0.0336

Французите пијат се помалку вино

Објавено во: Агробизнис 30 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Драстично е намалена потрошувачката на вино во Франција. Според најновата Студија за потрошувачката на овој традиционален пијалок во земјата на виното, изготвена од француското Министерство за земјоделство, еден жител во просек дневно едвај пие по една чаша вино. На француските трпези последните пет години, се повеќе има газирани и негазирани пијалоци, отколку вино. Податоците од студијата покажале дека дека дневно вино пијат само околу 17 отсто од жителите во Франција, што е голем пад наспроти 21 отсто пред пет години. Причината за намалената потрошувачка на вино, експертитите ја гледаат дел во препораките на докторите, промената на вкусовите на потрошувачите но и поради економската криза. Додека во 1980 година во Франција, виното се служело во просек на секој втор оброк, сега се послужува на секој четврти оброк.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?