17 Мај, 2024
0.2068

Франција нема да и ги испорача „мистралите“ на Русија

Објавено во: Свет 19 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, изјавил дека во овој момент нема никакви причини за да се отпочне со испорака на носачи на хеликоптерската класа „мистрал“ на Русија бидејќи како што истакнал не е направен никаков напредок во меѓународните односи. „Повеќе пати говорев дека во моментов нема доволен напредок за да се изврши испорака. Сакам процесот во Минск да биде завршен со што ќе биде исполнет и потребниот протокол“, изјавил Оланд пред новинарите веднаш по самитот на лидерите на ЕУ во Брисел. Бродот со руски морнари кои повеќе месеци се обучуваа за ракување со носачот на хеликоптери од класата „мистрал“ во четвртокот го напуштија француското пристаниште Сан Назар. Дописник на агенцијата „Ројтерс“ директно од таму навел дека бродот „Смолни“ го напуштил пристаништето во Атлантскиот океан и се упатил кон отворено море. Морнарите пристигнале во бродоградилиштето Сан Назар кон крајот на јуни поради следење на обука на првиот носач на хеликоптери „Владивосток“, кој Франција требаше да и го испорача на Русија до крајот на последниот квартал од 2014 година. Тензиите помеѓу Русија и Западот предизвикаа сомнеж дека ќе се реализира договорот вреден 1,2 милијарди евра за испорака на два француски воени бродови за Русија.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра