04 Мај, 2024
0.0261

Франција ќе го спасува Пежо

Објавено во: Стил 23 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Франција е блиску до договор за обезбедување спасувачки пакет за групацијата „ ПСА Пежо Цитроен“пишува Фајненшл Тајмс. На компанијата најверојатно ќе бидат обезбедени меѓу 5 и 7 милијарди евра. Тоа е најголемата интервенција на француската влада во автомобилскиот сектор од 2009 година, кога Париз им обезбеди на Пежо и на Рено, нискокаматни кредити од 6 милијарди евра за поддршка на ликвидноста во екот на банкарската криза. Извори запознаени со преговорите, истакнуваат дека согласноста за договорот, кој може да биде објавен уште оваа недела, веќе била постигната, откако сопствениците на Пежо се согласиле да примат претставници на работниците во бордот на компанијата, како и да назначат директор, претставник Владата во Париз. Сепак не е јасно дали Париз ќе успее да ги оствари планираните резултати. Пежо доживува остри проблеми поради падот на продажбата во Франција, Италија и Шпанија. Франција нема свој удел во Пежо, како во Рено. Сепак од Владата е побарано да обезбеди финансии за „Banque PSA Finance“, финансиското одделение на компанијата која обезбедува кредити за купување на нови автомобили. Минатиот месец Мудис го намали рејтингот на Пежо, па компанијата мораше да отпушта работници и да продава имот за да се исплива од долговите кои изнесуваат 5,6 милијарди евра.