15 Мај, 2024
0.0295

ФРАНЦУСКО ВЕТО ЗА „МАКЕДОНСКО“ ВИНО НА САЕМ: Грците реагирале, организаторите прифатиле да ја заменат придавката

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Организаторите на Меѓународниот саем во Франција ги прилагодиле термините „македонско вино“ и „македонско лозје“ за вината од Северна Македонија, пишува бугарски „Труд“, а јавува дописникот на медиумот од Атина.

Станува збор за меѓународниот натпревар за вино Citadelles du Vin  кој се одржува во Франција, а според бугарскиот медиум организаторите почнале да ги заменуваат термините „македонско вино“ и „македонско лозје“ со термините „вина произведени во Северна Македонија“. Ова следувало по реакција на економската и трговската канцеларија на грчката амбасада во Париз, сигнализирајќи дека тие термини не смеат да стојат во промотивните материјали на настанот.

Поради фактот што терминот „Македонија“ е заштитен географски поим на Грција за вината произведени во регионот на Македонија, овие термини го прекршуваат acquis communautaire во однос на статусот и грчките власти (Министерството за надворешни работи и Министерството за развој на селските реони и за храна) ги презедоа потребните приговори до организаторите, но и до други тела и служби во Франција“, се вели во соопштението на Здружението на производители на вино од Северна Грција.

Инаку во Преспанскиот договор за ова прашање меѓу другото пишува: „Двете страни се согласуваат да им дадат поддршка и да ги охрабрат нивните деловни заедници да воспостават искрен, структуиран и во добра волја дијалог, во чии рамки ќе бараат и ќе постигнуваат заемно прифатливи решенија за прашањата кои произлегуваат од имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци и за сите релевантни прашања, на билатерално и на меѓународно ниво“.



Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

ДОАЃА И ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА И НЕВРЕМЕ: Еве што нѐ чека од петок

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

(ФОТО И ВИДЕО) ДОЦНА ВО НОЌТА ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ИДРИЗОВО ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ - граѓаните вознемирени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Медицинскиот директор на Токсикологија е разрешен

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ТРАЈАНОВ: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе обезбеди 63 – 64 пратеници

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

ФУНКЦИОНЕР НА НАТО: Северна Македонија во НАТО влезе под уставното име и тоа е името под кое се претставува

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OСМАНИ СО АМБАСАДОРИТЕ: Изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

OJO ЗА УБИСТВОТО ВО СТАЈКОВЦИ: Eдно лице ги убило сопствениот брат и сопругата на другиот брат

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ПОСВОЕНИТЕ ИМААТ ПРАВО ДА ЗНААТ КОИ ИМ СЕ РОДИТЕЛИ: Дали пресудата од Стразбур во корист на Митровска ќе го смени Законот за семејство?

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци

ТРАГЕДИЈА: Двојно убиство го потресе Стајковци