19 Мај, 2024
0.0321

ФРАНЦИЈА ОТВОРЕНА ЗА СОРАБОТКА СО ФЕИТ

Објавено во: Мои пари 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Франција е отворена за соработка со Факултетот за Електротехника и Информациски технологии (ФЕИТ).  На денешната средба која се одржа помеѓу Францускиот амбасадор во Република Македонија, Кристијан Тимоние, и деканот на факултетот, Димитар Ташковски, заедно со продеканите,  во просториите на ФЕИТ, амбасадорот се запозна со тековните наставни, научни и апликативни активности на Факултетот.

На средбата деканот ги презентираше новите и иновирани студиски програми на ФЕИТ, кои се акредитирани од учебната 2017/2018-та година. На амбасадорот, освен студиските програми, му беа претставени и меѓународните проекти на Факултетот за Електротехника и Информациски технологии.

Посебен акцент беше ставен на соработката со Француските Универзитети и компании од областа на Електротехниката и Информациските технологии. На денешната средба се презентираше и се дискутираше за концептот на „Центар за трансфер на технологии и иновации - INNOFEIT“ со кој Факултетот очекува да прерасне во центар за извонредност во областа на ИКТ сервиси за новите мрежни инфраструктури.

Францускиот Амбасадор во РМ, Кристијан Тимоние, изрази отворена поддршка за сите активности на Факултетот. Тој ги презентираше можностите кои Француската амбасада во Скопје ги нуди за студентите на ФЕИТ, но не го изостави и академскиот кадар.

На средбата се дискутираше за можностите асистентите од ФЕИТ да престојуваат на некој од француските универзитети, а се потенцираше и постоењето на стипендиите кои им стојат на располагање на студентите. 

Можеби ќе ве интересира

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда