14 Мај, 2024
0.0247

(ФОТО+ВИДЕО) Трета ноќ насилни протести во Париз

Објавено во: Свет 30 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Трета ноќ по ред има насилни протести во главниот град на Франција, Париз по убиство на Кинез. 

Француските медиуми објавија дека најмалку тројца полицајци се полесно повредени за време на протестите.

Три лица се приведени, а ситуацијата почнала да се смирува кон 23 часот.


Во неделата навечер полицијата интервенирала во една стамбена зграда во 19-тиот арондисман поради „семејна кавга“, а при интервенцијата, Шаојо Лиуа кога ја отворил вратата од домот, со ладно оружје нападнал еден од полицајците. Притоа, друг полицаец веднаш отворил оган и смртно го ранил Шаојо, кој инаку бил татко на пет деца.

Сепак, семејството Лиуа формално ја оспорува верзијата на полицијата и објаснија дека Шаојо со ножици сечел риба кога полицајците упаднале во неговиот стан.

„Околу 20  часот мојата мала сестра слушна дека некој чука на вратата. Погледнала низ прозорот и видела двајца вооружени мажи и една жена. Мојот татко отиде до вратата со ножиците со кои што ја сечеше рибата за вечера. Полицајците во тој момент ја пробија вратата, а мојот татко се најде на подот“- раскажува ќерката на Шаојо Лиуа.

Од француското Министерство за внатрешни работи порачаа дека истрагата за овој инцидент е во тек.

Кина ја повика Франција за подобра заштита „на безбедноста и правата" на своите државјани.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи