(ФОТО+ВИДЕО) ШПАНИЈА НА КОЛЕНА: Четворица загинаа во снежно невреме
Објавено во: Свет 21 Јануари, 2020
Повеќе од 200.000 луѓе се без струја во северна Шпанија поради снежното невреме кое ги зафати деновиве.
Бурата Глориа донесе снежно невреме. Досега во бурата која е проследена со силни ветрови, снежно невреме и многу ниски температури загинаа четворица луѓе. Итната служба објави дека луѓето без струја останале во североисточната провинција Гирона, а дека повеќе од 2600 километри пат се затрупани со снег.
Многу училишта во Каталонија, Валенсија и Арагон не работат.
Десетици патишта се непроодни поради големи наноси од снег.