ФОТО+ВИДЕО: Пожар беснее во фабрика во Истанбул
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2016
Голем пожар денеска избувна во фабрика за пластични производи во истанбулскиот кварт Бајрам-паша.
Густ чад се издига над градот.
Огнот брзо ги зафатил и соседните згради, јавуваат турските медиуми.
Засега нема информации за евентуални жртви, а припадниците на противпожарните служби се обидуваат да го стават пожарот под контрола.
Сè уште не се знае причината за пожарот.