(ФОТО+ВИДЕО) ПОПЛАВА ВО СРБИЈА: Водата носеше мостови, трактори, автомобили
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2017
Во општина Врњачка Бања во Србија денеска е воведена вонредна ситуација поради поплавите, откако водата носеше мостови и уриваше локални патишта.
Водата носела автомобили, трактори, земјоделски машини, а поплавила и стотици домаќинства.
Реките Грачачка, Отрочка и Рсовачка се излеаја надвор од своите корита. На седницата на локалниот штаб за вонредна ситуација е констатирано дека материјалната штета на инфраструктурата на објектите во населените места Грачац, Отроци и Рсовци е огромна.
На сајтот на општината пишува дека се однесени неколку големи и значајни мостови, а во прекин е сообраќајот кон повеќе населени места.
Ангажирани се дополнителни сили за санирање на штетите.