Добивај вести на Viber
Кризата пред две недели го затвори и едно од најголемите обележја на Њујорк од светот на гастрономијата, ресторанот „Stage Deli“. Почетоците на работата на ресторанот се од далечната 1937 година и беше популарен поради своите огромни сендвичи.
Овој ресторан важеше за една од поголемите туристички атракции на Њујорк, но во исто време и дел од еврејското наследство во САД.
Сепак за многумина рестораните си имаат свој животен век, велат дека и онака цените во „Deli“ биле енормно високи, а еврејските кулинарски трендови може да се вкусат на други места во градот.