26 Април, 2024
0.0281

(ФОТО18+) КАТАКЛИЗМИЧНИ СЦЕНИ ОД АВСТРАЛИЈА: Пожари како атомска бомба

Објавено во: Свет 05 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Пожарите, поткрепени со високи температури и силен ветер, продолжуваат да горат на источниот брег на Австралија, при што пожарникарите се борат да спасат животи и домови.

Австралиските власти велат дека најлошите услови за пожари допрва се очекуваат, пренесувaат светските медиуми.

Шеснаесет пожари во австралиската држава Викторија се обележани со највисоко ниво на опасност и луѓето во тие области се евакуирани, пренесе Ројтерс.

Откако избија нови пожари, а некои од постојните ја избегнаа контролата, министерот за транспорт на Нов Јужен Велс, Ендру Констанс, ја нарече ситуацијата катаклизма.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Гладис Берџиклиан изјави дека ситуацијата со пожарите е „многу променлива“.

„Имаме долга ноќ напред и најлошата допрва треба да се случи“, рече Берџиклиан.

Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рекол дека и покрај тешките услови, на пожарникарите им помогнало тоа што десетици илјади луѓе го слушале советот да се евакуираат.

Австралискиот премиер Скот Морисон истакнал дека загинале23 лица од септември, кога започна сезоната на шумски пожари, од кои дванаесет настрадале оваа недела.

На социјалните мрежи постојано се споделуваат фотографии од кои светот се ужаснува. Илјадници животни се борат со огнените стихии а илјадници и изгореле.


Можеби ќе ве интересира

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни