29 Април, 2024
0.0239

ФОТО: За 15 илјади долари, цела недела под вода во овој луксузен хотел!

Објавено во: Стил 26 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Комплексот „Poseidon Undersea Resort“  се наоѓа  12 метри под вода, во близина на брегот на Фиџи. Кога ги отвори вратите за посетителите ќе има 25 апартмани, ресторан, бар, фитнес, па дури и капела за свадбените церемонии под вода. Проектот е на „U.S. Submarines, Inc“, од каде што соопштуваат дека цената за престој ќе биде 15 000 долари неделно. До подводниот комплекс ќе се стигнува со лифт од површината. Над водата ќе има уште 51 соба, спа центар, тениски игралиште и голф терен. Хотелот ќе има и 4 подморници со кои гостите ќе можат да се шетаат и да го разгледаат подводниот свет, рибите и коралните гребени. Секој подводен апартман всушност претставува посебна капсула, а од компанијата уверуваат дека тие се целосно безбедни. Капсулите се одделни една од друга, што значи дека ако се појави проблем во некоја од нив, тогаш тоа нема да влијае на останатите. Собите исто така можат и да се подигнат на површинатата ако е потребна поправка и потоа пак да се потопат во морето. Целиот проектот треба да биде завршен за уште 2 години. Еве како ќе изгледа ова подводно задоволство.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти