18 Мај, 2024
0.0266

ФОТО: Во стан од само 21 квадрат архитектите проектираа четири соби на различни нивоа!

Објавено во: Стил 19 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Овој модерен стан се наоѓа во Мадрид . Дизајниран е од шпанското архитектонско студио MYCC . Идејата на проектот е наречена „ 100 кубни метри " - според обемот на станот во кој се користи висината на зградата , за да се зголеми погодниот дел за живеење. Така на површина од 21 квадратни метри се наоѓаат целосно опремена бања , дневна соба , канцеларија , спална и кујна . Тие се на различни нивоа , па од една соба се слегува во друга . Најимпресива е бањата во која има дури и луксузна вградена када .