14 Мај, 2024
0.0274

(ФОТО) Вива – 20 години успешен македонски бренд

Објавено во: Мои пари 17 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Компанијата Вивакс, најголемиот производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, го одбележа своето 20годишно работење на македонскиот пазар со целосно заокружување на производствениот процес на линијата за полнење на сокови во пластична амбалажа. Со ова, Вивакс го унапреди производството и го прошири асортиманот на своите производи. Во исто време, со редизајнот на пакувањата на дел од портфолиото, компанијата ги изненади потрошувачите со нов и модерен изглед на своите природни овошни сокови.

Компанијата Вивакс во 1994 година започнува со два производа, а денес може да се пофали со повеќе од 50 производи во своето портфолио со што е единствениот производител во Македонија со најголем асортиман на природни сокови. Со зголемување на бројот на вработени од 8 во првите години до 70 вработени, Вивакс е компанија пример за одржливо и континуирано растење во сите сегменти од своето работење.

Viva sokovi_1

„Уште од првиот ден на нашето работење успешно ги поставивме вредностите на брендот Вива, а со иновативниот и креативен пристап во изминатите години постојано го усовршуваме квалитетот на Вива соковите. Секоја чаша Вива сок ја содржи нашата традиција и љубов, а со секоја голтка ја доближуваме природата до нашите потрошувачи“, изјави Тања Атанасова, маркетинг директор на Вивакс, производител на брендот Вива.

Вивакс е првата македонска компанија, воедно и на Балканот, која што ја започна својата соработка со Дизни Интернешнал, за производство на сокови со добро познатите ликови како што се Мики Маус, Принцезите, Карс (Автомобили) и Спајдермен, официјално лиценцирани од глобалната марка „Дизни“ и „Марвел“, за пазарите во Македонија, во Србија, во Црна Гора, во Босна, во Албанија и на Косово, што претставува уште една потврда за квалитетот на нашите производи.

Viva sokovi_3

Воедно, Вивакс е активен промотор на детската култура со спонзорирање на голем бројдетски настани, преку активно вклучување во грижата за најмалите и во нивната едукација за здрави навики и здрав начин на исхрана. Како дел од својата социјално одговорна компонента, компанијата константно поддржува голем број спортски настани и организации, и е првата и единствена компанија во Македонија која го воведе интернационалниот коњички натпревар,

ВИВА куп. Дополнително, својот придонес го дава и преку помош на најзагрозените групи граѓани во државата.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти