04 Мај, 2024
0.0244

ФОТО: Венецуелката Габриела Ислер стана „Мис Универзум 2013“

Објавено во: Стил 10 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Венецуелката Габриела Ислер беше крунисанa за „Мис Универзум 2013“. Круната во вредност од повеќе од 120 000 долари  и беше врачена на 25-годишната Ислер од „Мис Универзум 2012 " - Американката Оливија Кулпо . Финалето на натпреварот се одржа во концертна сала „Крокус Сити Хол " во Москва . Од 86 учеснички до крајот стигнаа 15 убавици. Првата убавица добива награди и подароци во вредност од четвртина милион долари. Жирито го предводеше пејачот на рок група Aerosmith - Стивен Тајлер . Меѓународниот натпревар „Мис Универзум " се одржува за прв пат во Лонг Бич , САД во 1952 година. Од 1972 година се одржува во различна земја. Во 1996 година правата за натпреварот беа купени од милијардерот Доналд Трамп .