18 Мај, 2024
0.0337

ФОТО: Уште една „утка“ во современата кинеска архитектура

Објавено во: Стил 30 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

За необичните решенија кога станува збор за градежништвото во Кина е пишувано многу. Се градат чудни станбени згради, никнуваат на невозможни места, се инсистира на огромни проекти инфраструктурни проекти. Ова е само уште една „утка“ во  кинеската современа архитектура. Станбената зграда била изградена од државни средства во Кингдао Сити , провинцијата Шандонг . На прв поглед во неа нема ништо необично. Сепак, ако се погледне подобро, веднаш ќе се забележи дека голем дел од прозорците на зградата - всушност се нацртани. За среќа причината за чудната иновација не е тоа што градителот ги украл парите за прозорци. Локалните власти објасниле дека нацртала прозорци од чисто естетска причина, а зад нив се кријат скалите во зградата. „Да се стават прозорци таму би било крајно непрактично " , објасниле тие за весникот People's Daily .