17 Мај, 2024
0.0274

(ФОТО) ТРАМП ОДЛУЧИ: Со овие луѓе ќе ја управува Америка!

Објавено во: Свет 24 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Доналад Трамп го направи својот транзиционен тим за Белата куќа. Тие се клучни луѓе кои ќе влијаат на иднината на државата и одлуките во текот на неговото владеење.

Мајк Пенс, потпретседател

Гувернерот на Индијана (57) 12 години бил во Претставничкиот дом на Конгресот , а од 2003 е гувернер.

Пенс е омилен меѓу конзервативните републиканци, растел во римокатоличко семејство, а вели дека го инспирираат Џон Кенеди и Мартин Лутер Кинг. Познат е по своите ставови против абортусот, а иако често не биле на иста линија, Пенс би можел на Трамп да му помогне своите идеи да ги протурка во Конгресот.

Џеф Сешнс, државен обвинител

Тој бил еден од најогнените поддржувачи на Трамп во текот на изборната кампања, а Доналд многу пофално зборувал за неговите способности.

Сешнс тврди дека е заговорник на „единствената Америка на Трамп и негова предаденост на рамноправноста на сите граѓани пред законот“.

Иако ја поддржувал идејата за напад на Ирак во 2003, што Трамп го оцени како „глупа“ работа, Сешнс исто така седел во сенатскиот Комитет за вооружени служби, судски комитет и буџетски комитет.

Мајк Помпео, директор на ЦИА

Помпео (52) во текот на кампањата го поддржувал Трамповиот ривал Марк Руби, но овој републикански конгресмен бил жесток критичар на Обаминиот нуклеарен договор со Иран и бранител на скапата програма за собирање на податоци на Националната безбедносна агенција а се противел и на затворањето на затворот Гватанамо.

Мајкл Флин, советник за национална безбедност

Овој пензиониран генерал на армијата на САД бил главен советник на Трамп за национална безбедност во текот на кампањата, а прифатил тоа да биде и во новата администрација.

Бил директор на Одбрамбената разузнавачка агенција но тврди дека е тргнат од таа функција поради своето радикално гледање на исламот.

Во февруари на твитер напиша дека стравот од муслимани е „рационален“ а ја објавил и книгата „Како можеме да победиме во глобална војна против радикалниот ислам и неговите поклонувачи“. Интересно е дека долго бил на страна на демократите, но бил против Хилари Клинтон поради што и го привлекол Трамп.

Рајанс Прајбус, шеф на персоналот

Тој е претседавач на Републиканскиот национален комитет а е близок со Пол Рајан, кој би можел да биде инструмент во поставувањето на нови правила во администрацијата.

Ники Халеј, амбасадор на САД во ОН

Гувернерката на Северна Каролина Ники Халеј во почетокот ги поддржуваше сенаторите Марк Руби и Тед Криз, пред да му ја даде поддршката на Трамп.

Сепак, таа е првата жена која е избрана за неговиот кабинет а во јавноста е позната како „докажан преговарач“ кој како лидер сјајно ќе ги претствува САД на светската сцена.

Бетси ДеВос, секретар за образование

ДеВос (58) е втора жена која е номинирана во кабинетот на Трамп. Таа е заговорник за републиканските идеи за развивање на чартер школи, кои јавно се финансираат и создаваат од страна на наставници, родители или групи во заедницата, надвор од државниот училиштен систем. Трамп неа ја нарече „брилијантен и стравствен заговорник за образование“.

Мит Ромни, потенцијален државен секретар

Мит Ромни би можел да биде изненадување за членовите на тимот на Доналд Трамп. Во текот на кампањата тие двајца жестоко се прозиваа но кога легнаа страстите го повика да се сретнат додека Пенс рекол дека би можел да добие високо место во дипломатијата.

Ромни е роден во Мичиген, основач на успешна фирма за вложување на капитал , а Вашингтон го гледаат како компетентен и искусен службеник.

Џејмс Матис, потенцијален секретар за одбрана

Матис е пензиониран генерал и маринец, кој служел 44 години, борејќи се во Ирак и Авганистан. Неговото искуство играло клучна улога во нападот на Фалуџа во 2004 година. Од 2010 до 2013 ја водел Централната команда на САД а е познат и по своите коментари. Така еднаш рекол за Авганистанците кои „ги тепаат жените наоколу бидејќи не ставиле марама“ дека е „пеколно забавно да ги убиваат“.

Крис Кристи, виден за некоја од функциите

Гувернерот на Њу Џерси бил прв екс претседателски кандидат кој ја поддржувал кандидатурата на Трамп, предизвикувајќи шок во Републиканската партија. Кристи (54) е виден за разни функции во администрацијата.

Стивен Мунчин, потенцијален секретар за финансии

Трамп сам ја лансирал идејата да својот директор за финансии го именува за секретар за финансии. Сепак, уште не е јасно дали поддржувачите на Трамп ќе ја поддржат оваа идеја некој од ВолСтрит да биде и човек задолжен за даночната политика.

Мунчин стекнал богатство во текот на 17 години работа за Голдман Сакс пред да ја основа филмската компанија која стои зад американските франшизи „X-men“ и „Американски снајпер“. Трамп исто така објави дека прашал и еден од шефовите на JP Morgan Џејми Димон да заземе државна позиција, но уште не е објавено што му одгворил.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра