04 Мај, 2024
0.0248

ФОТО: Топ 13 најубави наследници на милијардерите!

Објавено во: Стил 09 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Животот е лесен , кога родителите ти се милијардери и можеш да си купиш сешто . Овие луѓе сепак имаат среќа и да изгледаат ужасно „секси“ . Видете кои се најубавите наследници на милијардери и мултимилионери во светот : Сидарта Малаја Тој е син на индискиот бизнисмен и пратеник Виџај Малаја , кој е 73 -тиот најбогат човек во Индија . Располага со 800 милиони долари , според Форбс . Сидарта има 26 години и раководи со фудбалскиот тим од Бангалор Ројал Чаланџарс . Тој ќе го наследи својот татко на шефското место во неговата United Breweries Group . Меѓу неговите поранешни девојки има неколку убави актерки од Боливуд . Аманда Херст Таа е внука на медиумскиот магнат Вилијам Херст , основач на Hearst Corporation . 29-годишната Аманда заврши уметностите во Fordham University . Нејзиниот дедо често е нарекуван татко на таблоидите . Пред околу десетина години Harper's Bazaar пишуваа дека Аманда троши околу 136 000 долари за својот изглед годишно. Во моментов, таа работи за списание Town & Country Magazine . Питер Втори и Хари Брант Тие се синови на бизнисменот Питер М. Брант , чие богатство во текот на годините расте помеѓу 500 милиони долари и 1 милијарда долари. Нивната мајка е поранешната манекенка Стефани Сејмур . Минатата година 19-годишниот Питер имаше проблеми за тоа што се пошегува дека ќе го убие претседателот Обама преку Instagram . Од тогаш наваму нема профил на социјалните мрежи. Во моментов тој студира историја во Hunter College . 16 -годишниот Хари е сеуште ученик во Њујорк . Ваниша Митал Таа е ќерка на индискиот милијардер Лакшми Митал . Тој е 41 -тиот најбогат човек во светот , според Форбс со богатство од 16,5 милијарди долари . 33-годишната Ваниша завршила European Business School и University of London . Во 2004 година таа се омажи за банкарот Амит Баптист со раскошна свадба за 60 милиони долари , каде што пееше лично Кајли Миног . Иванка , Доналд и Ерик Трамп Тие се деца на милијардерот Доналд Трамп . Тој е 134 -иот најбогат човек во САД со 3,5 милијарди долари . 31-годишната Иванка работи во компанијата на нејзиниот татко. Таа има и сопствена линија на чевли, чанти и очила. Омажена е за сопственикот на New York Observer , Џаред Кушнер и има две деца . Доналд Џуниор има 35 години и е директор во The Trump Organization . Додипломски има завршено на Универзитетот во Пенсилванија. Женет е за моделот Ванеса Хајден . Ерик има 29 години и исто така работи за семејната компанија. Тој е и основач на хуманитарната фондација Ерик Трамп , која дава пари за болните деца . Ерин Лаудер 43-годишната Ерин е внука на Есте и Џозеф Лаудер , основачи на козметичкиот гигант Estéе Lauder . Нејзиниот татко Роналд е на 376 место на листата на Форбс со 3,7 милијарди долари . Таа има сопствена марка AERIN од 2012 година. Дилан и Ендрју Лорен Тие се деца на Ралф Лорен , кој е на 166 -то место по Форбс со 7.7 милијарди долари . 44 -годишниот Ендрју има завршено Вrown University и се занимава со продукција на филмови . 39-годишната Дилан заврши на Duke University . Таа има своја компанија за слатки производи Dylan's Candy Bar . Братучедите Кортин - Кларенс ( Клер , Прискила , Џена и Вирџинија ) Нивните татковци - Оливие и Кристијан Кортин - Кларенс имаат вкупно 2,2 милијарди долари . Клер ( 26 година ) , Присила ( 26 година ) , Џена ( 26 година ) и Вирџинија ( 27 година ) се наследници на козметичката компанија на своите татковци . Се проценува на 3,6 милијарди долари . Марта Ортега - Перез Таа е ќерка на Аманасио Ортега основач на Zara . Тој е третиот најбогат човек во светот со 57 милијарди долари . 30 -годишната Марта е споменувана  за наследник на компанијата. Мажена за професионалниот џокеј Серџио Алварез Моја . Барон Николас Хилтон Втори Тој е внук на Конрад Хилтон , основачот синџирот хотели . 23-годишниот Барон е помалиот брат на Парис и Ники Хилтон . Во 2008 година тој еуапсен за возење во пијана состојба , а подоцна мораше да плати отштета од 4,9 милиони долари за тоа што удрил со автомобил вработен на бензинска пумпа. Петра и Тамара Еклстоун Тие се ќерки на Берни Еклстоун , CEO на Формула 1 . Тој е на 353 -то место во рангирањето на Форбс со 3,8 милијарди долари . 29-годишната Тамара е поранешен модел , има реално шоу  и е позната по тоа што има колекција од чанти за 1 милион долари. Минатата година се омажи за Џеј Ратланд во церемонија вредна 17 милиони долари во Париз . Во моментов двајцата го очекуваат своето прво дете . 24-годишната Петра е мажена за Џејмс Стант и имаат едно дете . Аријана Рокфелер Таа е внука на основачот на Standard Oil - Џон Рокфелер . Нејзиниот дедо Дејвид Рокфелер е на 527 -то место на листата на Форбс со богатство од 2,8 милијарди долари. 31-годишната Аријана завршила на Columbia University и од 2011 година има сопствена марка облека . Во 2010 година се омажи за Метју Баклин , по 7 -годишна врска. Каролин Џонс Таа е ќерка на хеџ фонд менаџерот Пол Тудор Џонс Втори. Тој е на 376 -то место во рангирањето на Форбс со 3,7 милијарди долари . Таа е талентирана пејачка и композиторка . Има  23 години и веќе пеела во Медисон Сквер Гарден . Има договор со Sony Music .