05 Мај, 2024
0.0273

(ФОТО) СУДЕЊЕТО ЗА „ШАМАРИТЕ“ СЕ ОДЛОЖИ: Груевски и Јанакиески стигнаа во суд со насмеани лица

Објавено во: Македонија, Галерија 28 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во 10 часот почна рочиштето за случајот Насилство во општина Центар .

Прва во суд пристигна пратеничката Даниела Рангелова, која е и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. 

После неа пристигна и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и екс премиерот Никола Груевски .

Во Судот пристигнаа и оштетените во случајот, меѓу кои и градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Имдно, судењето за насилствата пред општина Центар се одложи за 28 септември бидејќи списите на предметот се во Апелациониот суд. 

Овој суд одлучува по жалбите на обвинителите на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева и Фатиме Фетаи, што ги поднесоа за казните од по 2.000 евра што им беа изречени на едно од рочиштата на ова судење.

Според обвинението, првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината.

Обвинението по куса постапка е поднесено врз база на прислушуваниот телефонски разговор на први јуни, 2013 во 20.57 часот меѓу, како што рекоа од СЈО, двајца поранешни носители на највисоки функции во извршната власт, но и врз база на 56-секунден разговор во кој е опфатен познат македонски бизнисмен, од кој произлегле цврсти докази дека насилствата биле нарачани да се спречи седницата за бришењето на ДУП-от на Мал Ринг и на други урбанистички планови.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца