27 Април, 2024
0.0290

(ФОТО) СПУТНИК В ГО РЕСЕТИРА „ПОДЗАБОРАВЕНОТО“ ПРИЈАТЕЛСТВО - руската вакцина стигна меѓу првите

Објавено во: Македонија 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Руската вакцина е првата регистрирана вакцина во светот и е апсолутно безбедна, дециден е рускиот амбасадор во земјава н.е. Сергеј Баздникин.

Ова тој го изјави на свечениот чин на пристигнувањето на првите 3.000 вакцини од руската вакцина спутник В.

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ова е прва количина од три илјади дози со кои земјава ќе обезбеди континуитет на процесот на имунизација. 

„Голема благодарност до амбасадорот за неговиот ангажман за вакцините во земјава да пристигнат што побргу. Овие денови разговараме и за динамиката на другите количини вакцини од вкупно нарачани 200.000 вакцини. Станува збор за вакцини кои се различни во делот на вакцинацијата и ревакцинацијата, значи сите овие 3.000 дози ќе се користат за првата вакцина“, рече Филипче.

Рускиот амбасадор рече дека е присутен со задоволство на овој настан.

„Убеден сум дека тоа ќе биде од голема важност за спасување човечки животи и враќање на македонската економија на траекторија на развојот и раст. Секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и заеднички вредности. Имме соработка со Владата и сакаме да ја прошируваме. Спутник е првата регистрирана вакцина во светот базирана на платформа на човечкиот аденовирус вектор. Вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и со право станува светски бестселер. Регистрирана е во 46 земји во светот, вклучувајќи и неколку држави во ЕУ., а Македонија е 46 држава што ја регистрираше вакцината. Во тек е забрзана постапка во Европската агенција за лекови за да ја испитаат, во СЗО се разгледува барањето да се вклучи во листа лекови одобрени од СЗО. Да ви посакам добро здравје, а на храбрте македонски лекари и персонал брза победа во борбата против панемијата“, рече амбасадорот.

Тој рече дека нема да се вакцинира со оваа вакцина, туку ќе остави тие да бидат наменети за македонските граѓани.

Вакцините нема да се користат за трудници и доилки, само за нив има претпазливост, рече министерот Филипче.

Ќе се вакциниаат од среда најстарите категории граѓани. Сите ќе бидат известени преку своите матични лекари и повикани на пунктовите. Во старечките домови ќе биде вакцинацијата внатре во нив.

Овие вакцини ќе се чуваат во пунктот на Јане Сандански, на минус 18 степени. 

Инаку, фотографиите од пристигнувањето на руската вакцина ексклузивно за Фактор ги направи фотографот Вангел Тануровски.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“