(ФОТО) СО ДЕЦЕНИИ НЕ ВИДЕЛЕ СНЕГ: Сега тој им ги блокира патиштата и училиштата
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2018
Во Мароко со децении немало снег, а сега го имаат толку многу, посебно во селата на планината Средни Атлас каде луѓето се отсечени.
Училиштата не работат, патиштата се отсечени, луѓето немаат струја, ниту вода.
Тиганимин е село кое е на 500 км од Рабат, и каде луѓето беа погодени од снегот.
Тие по заоѓањето на сонцето немаа ниту струја, ниту вода за пиење.
Луѓето кои живеат во градовите беа воодушевени од снегот.