(ФОТО) Снежно невреме ја „покоси“ Турција, има и мртви
Објавено во: Балкан 24 Април, 2017
Четири лица загинаа во снежнo невреме во Турција, соопштија турските власти.
Во јужната провинција Мерсин, невремето беше проследена со ветер со брзина до 100 километри на час, при што беа урнати електрични столбови и дрва, соопшти локалниот метеоролошки директорат.
Во дистриктот Акдениз смртно настрада 28-годишна жена, кога поради ветер стебло се урна на неа, јави Анадолија.
Во северната провинција Трабзон загина 71-годишен маж, врз чија куќа се урна карпа, по што се евакуирани 14 семејства.
Жртва на невремето во Турција беше и 55-годишна мајка на четири деца од провинцијата Ардахан, во источниот дел на земјата.
Невремето го зафати и североисточниот дел на Турција, а во провинцијата Артвин загина едно лице, врз кое се паднало стебло додека работел на фарма.
Силен ветер е забележан и во провинциите Риза, Невсехир, Сивас, Јозгат, Сирт, Ерзурум и Ерзицан.
Метеоролозите велат дека времето треба да се стабилизира денеска попладне.