17 Мај, 2024
0.0279

(ФОТО) СНЕЖНА БУРА НАПРАВИ ХАОС ВО ЕВРОПА: Исчезнаа скијачи, патници заробени во воз, нема струја!

Објавено во: Финансии 05 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Бурите направија хаос ширум Европа.

Германија моментално е погодена од една од најсилните снежни бури во последните десет години. Итните служби јавуваат дека работат и во исклучително тешки и неподносливи услови. Бурното невреме предизвика поплави долж бреговите на Балтикот, и предизвика штета на сообраќајниците и шеталиштата долж бреговите.


Силни снежни бури предизвикаа десетина судири на автопатиштата на северот од земјата, а девет лица се тешко повредени. Замрзнатите патишта исто така предизвикаа долги застои и доцнења во сообраќајот. Едно момче (20) загинало, а неговите сопатници се тешко повредени кога изгубило контрола над возилото на замрзнат пат на Западот од Германија.


Силните снежни бури и налети на ветер предизвикаа хаос ширум централна и источна Европа. Дошло до прекин на сообраќајот и се забележани случаи на урнати далеководи во неколку региони во Чешка, Австрија и Полска. Во цела Чешка висината на снежната покривка изнесува половина метар, а снегот и понатаму паѓа. На сила е портокалов метеоаларм, а се очекуваат наноси на снег.


На северот во Унгарија пак на сила е жолт метеоаларм, а реката Тиса е целосно под лед. Во Полска, жестоките ветрови оставија 16 000 домаќинства без електрична енергија. Метеоролозите очекуваат дека ќе падне уште најмалку половина метар снег, посебно во планинските подрачја, и дека студениот воздух од Арктикот ќе ги спушти температурите и до -17 степени Целзиусови. Се очекува ваквите временски прилики да траат до викендов.

Снегот ја затрупа и Австрија. Исчезнале двајца скијачи од Слацбург. На северот од Шведска во воз останале заробени околу 100 патници, а мештаните за да не премрзнат ги префрлиле во блиската црква. Скандинавија забележала многу високи бранови и рекордна висина на плимата. Температурите во некои делови на Скандинавија биле и до минус 40 степени Целзиусови.


Метеоролозите велат дека бурата сега се движи преку Балтикот кон Белорусија.

Можеби ќе ве интересира

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

„УПС, СЕ ИЗВИНУВАМЕ“: Даночната управа на Црна Гора по грешка ја вклучи американската амбасада на листата на најголеми должници

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот

СЕКОЈ ТРЕТ НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ХРВАТСКА ГО КУПУВА СТРАНЕЦ: Еве ги најскапите квадрати на Јадранот