04 Мај, 2024
0.0430

ФОТО: Сите жени на Џон Ф.Кенеди!

Објавено во: Стил 12 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

„Ако немам секс секој ден , добивам главоболки", ова е една од изјавите по кои остана познат Џон Кенеди . Претседателот имал многу љубовници , од кои и многу познати дами. Видете ги најпознатите жени со кои Кенеди имал афери : Марлен Дитрих Дитрих била љубовница на таткото на Кенеди - Џо . Во 1963 година таа беше во САД и е поканета од Џон Кенеди. Во тоа време Дитрих има 60 години , а Кенеди 40 година. Таа вели дека отишла во Белата куќа , но имала само 30 минути на располагање , бидејќи имала претстава истата вечер. Кенеди и рекол: „Немаме многу време , така ? " , А таа му рекла да внимава да не и ја расипе фризурата . Сексот траел 20 минути , а  потоа претседателот заспал, но Дитрих го разбудила бидејќи не знаела како да излезе од Белата куќа. Дитрих подоцна вели во интервју за Vanity Fair вели дека Кенеди ја прашал дали спиела со татко му и кога таа го излажала дека не е, тој и рекол:„Секогаш сум знаел дека кучкиниот син лаже. " Мими Алфорд , стажантка во Белата куќа Само неколку дена откако почнала да волонтира во Белата куќа , 19-годишната Мими покрај базенот го нашла претседателот , кој веднаш отишол и и се претставил . Подоцна истиот ден таа добила покана за пијалок после работа . Тој предложил лично да ја одведе дома и на крајот ја покажа и спалната соба. Во своите мемоари таа тврди дека била девица , а претседателот се однесувал како она што се случило, да било нешто најнормално. Тоа било почетокот на 18 - месечна љубовна врска меѓу неа и Кенеди . Во своите мемоари таа раскажува сочни детали. Мерилин Монро Монро се запознава со Кенеди во 1962 година. Кога се запознале , тој рекол „Најпосле ! " Следниот месец ја поканил во Палм Спрингс и кажал дека г- ѓа Кенеди нема да биде таму . Тие минале еден викенд заедно и тоа било сè што Кенеди сакал. Монро сепак сакала повеќе, па стигнала до таму да и се јави на Џеки Кенеди и да и каже за аферата со претседателот . Според гласините Џеки , која знаела за авантурите на нејзиниот сопруг , рекла ( најверојатно саркастично ) : „Добро , Мерилин . Ако сакаш - ќе ожени се за него“. Џудит Кембел Френк Синатра ги запознал Кенеди и Џудит. Таа била поранешна негова девојка, а подоцна требало да се омажи  за мафијашкиот бос Сем Џанкана . Двајцата се запознале на концерт во 1960 година. Таа вели во автобиографијата дека Кенеди се гледал си неа само една вечер, но останала бремена од него и го направила абортус. Енџи Дикинсон , актерка Од сите љубители на Кенеди , Дикинсон е тајна. Ги запознава Френк Синатра на забава во Санта Моника во 1960 година. Всушност , нема потврда дека двајцата имале врска , туку само се претпоставува. Елен Ромео , германска проститутка 27-годишната Елен многу личи на Елизабет Тејлор . Таа била комунистка од Источна Германија , избегала во САД , каде што станала девојка за придружба . Работела во хотел спроти зградата на Сенатот. Во 1963 година била дел од повеќе" забави без костими " во базенот во Белата куќа . Таа ја посетувала Белата куќа за интимни средби со претседателот . Во август , кога станало време за реизбор на Кенеди, неговиот брат Боби успеал да издејствува Елен да биде депортирана , бидејќи се загрижил дека може да зборува за врската и да ја уништи кампањата на Кенеди . Мери Пинчот Мејер , модел Таа е долгогодишна пријателка на Кенеди . Се познаваат уште од 1938 година. Била омажена за агент на ЦИА . Ја посетувала Белата куќа постојано и била позната како љубовница на Кенеди . Мери била дел од круг жени кои ја сакале дрогата и се обиделе да влијаат на мажите од политиката, со кои имаат љубовни афери. Мејер е застрелана на улица во 1964 година. Убиецот не е откриен. Блаже Стар , стриптизета Блаже се запознава со претседателот во 1954 година , кога тој е конгресмен и го посетува често клубот, каде таа танцува . Вели дека сексот со Кенеди бил " брз и див " . Поканета во Белата куќа , но токму тогаш експлодирала политичка криза меѓу САД и Куба и таа пропуштила својата шанса да влезе во Белата куќа . Памела Тарнер , секретарка на Џеки Кенеди Прес секретарот на првата дама, Памела Тарнер била љубовница на Кенеди од 1961 до 1963 година. Аферата започнала кога таа имала 21 години и била секретарка на Кенеди , кој тогаш бил сенатор . Тогаш тој ја натерал Џеки Кенеди да ја назначи за своја секретарка , за да може да ја земе во Белата куќа . Ганила Вон Пост , шведски модел Имала 21 година кога се запознала со 36-годишниот Кенеди на француската ривиера . Двајцата одржувале контакт и по 2 години повторно се сретнале и имале интимна врска. Таа тврди дека Кенеди се јавил на својот татко и рекол дека сака да се разведе , но тој не му дозволил , бидејќи тоа ќе ја уништело неговата политичка кариера. Џин Тирни , актерка Во 1948 година актерката била привремено разделена со сопругот и во овој момент се запознала со Кенеди . Двајцата биле заедно некое време . На одмор во Кејп Код, Кенеди и рекол дека е премногу амбициозен , за да се ожени за актерка . Тогаш таа се вратила кај својот маж, а неколку години подоцна признава дека гласала за Никсон . Фидел и Фадел , секретарки во Белата куќа Обезбедувањето ги викало Присила Вер и Џил Кауен со имињата Фидел и Фадел . Поранешен вработен од тајните служби вели дека двете биле многу блиски со претседателот , го придружувале на „работни патувања " до Берлин , Рим , Костарика , Мексико и Насау . Џеки знаела за тоа .