27 Април, 2024
0.0358

(ФОТО) ШТО Е СИГУРНО, СИГУРНО Е - вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП

Објавено во: Македонија 27 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Јавното градско сообраќајно претпријатие стартуваше со вонредната дезинфекција на автобусите.

Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10 отсто, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како ракодржачи и слично.


ЈСП Скопје одлучи да почне да ја спроведува дополнителната (вонредна) дезинфекција како мерка за заштита од корона вирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат Жичарницата. 

Дополнителната (вонредна) дезинфекција ќе се врши секојдневно, се до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со корона вирусот.

Инаку, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекционо својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.

А како што веќе пишуваше Фактор, граѓаните, вклучително и пензионерите кои се поризична група, засега не се воздржуваат од користење на јавниот градски превоз. 

Коронавирусот се чини дека не претставува закана за македонските пензионери и повозрасни граѓани, дури и откако вчера беше потврден првиот случај на овој вирис во земјава. 

И утрово тие ги наполнија автобусите на ЈСП Скопје, веројатно секој во вршење на своите редовни или ургентни активности - кој на лекар, кој на пазар, кој на прошетка по убавиот сончев ден, а кој за било какви други потреби.

Дури, денеска не е ниту нивниот бесплатен ден, со оглед што без да плаќаат во автобусите на јавниот превоз тие можат да се возат во вторник, петок, сабота и недела. 

И од ЈСП изјавија дека граѓаните не го намалиле користењето на градските автобуси, барем во досегашниот период.

„Не е забележано никакво значајно опаѓање на бројот на корисници на јавниот превоз откако се потврди присуството на првиот случај на корона во земјава“, велат за Фактор од јавното сообраќајно претпријатие. 

Или за споредба, минатата среда имало 198.576 валидации во автобусите на ЈСП, а вчера, исто така среда, бројот на валидации е 197.686, што значи нема воопшто голема разлика, туку значително помала.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“