29 Април, 2024
0.0240

(ФОТО) Селце во Италија продава куќи за 1 евро

Објавено во: Финансии 30 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Дали некогаш сте сонувале да имате дом во прекрасно италијанско село? И тоа за без пари?

Сега можете да си купите еден само за 1 евро.

Селцето Ололои, дестинација во планинскиот регион на Барбаја на Медитеранскиот остров Сардинија, продава стотици напуштени домови само за 1 евро ($ 1,20), пишува CNN.

Ова не е прва италијанска населба која се обидува да привлече нови жители со таков трик, но се чини дека е прва што ќе го исполни ветувањето.


Таа, исто така ја има потребната убавина и историја за привлекување луѓе.

Сепак, стекнувањето на недвижен имот не току така бадијала. 200-те камени куќи, кои се продаваат, се во лоша состојба и купувачите треба да се посветат на поправка во рок од три години - што веројатно ќе чини околу 25 000 долари.

Зад идејата за продажба е план за обновување на заедницата изложена на опасност да стане град на духови. Во изминатиот половина век популацијата на Ололаи се намалила од 2250 на 1300 лица, а секоја година се раѓаат само неколку бебиња.

„Горди сме на праисториското потекло“, рекол Ефизи Арбау, градоначалник на Ололои. „Мојата крстоносна војна е да ги спасиме нашите уникатни традиции за да не паднеме во заборав“. Гордоста на нашето минато е нашата сила. Отсекогаш сме биле силни луѓе и нема да дозволиме нашиот град да умре“, додал тој.

Стариот главен град на Барбара, Ололои останува најочигледно и недопрено место во Сардинија.

Некогаш полн со живот, лавиринт од улици и калдрмни плоштади со мурали, сега е тивок, бидејќи помладите жители го напуштаат, за да отидат во поголемите градови.

Напуштени од семејствата што некогаш ги населиле, многу камени куќи се во рушевини, со децении покриени со пајажини.


Градоначалникот ги убедил сопствениците на напуштените имоти да ги пренесат на име на општината, која сега бара купувачи. Тој издава посебен декрет и ги става имотите на пазарот со пониски цени во 2017 година.

И покрај лошите услови, веќе се продадени три куќи, а Арбау вели дека добил повеќе од 100 барања за купување од целиот свет, вклучувајќи и Русија и Австралија.

Градоначалникот се надева дека реновирањето на домовите ќе помогне да се отворат нови работни места и да се заживее локалната економија.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И ВО ПЕНЗИЈА НА РАБОТА: Сè повеќе трговски синџири бараат исклучиво пензионери

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка