18 Мај, 2024
0.0314

ФОТО: Пуштен е новиот мост над реката Серава, чини 4,8 милиони денари

Објавено во: Македонија 27 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Денеска и официјално во употреба беше пуштен мостот над реката Серава, кој ја поврза ролерско-велосипедската патека на левата страна од реката Вардар. Новиот мост е армирано-бетонски, со должина од 16,6 метри и со ширина од 4,6 метри. Коловозот е асфалтиран.Оградата на новиот премин е изработена од челични цевки, а осветлувањето е овозможено со светилките од ролерско-велосипедската патека.

Косините околу бетонските крила на мостот, од четирите страни, се обработени со камен, а за на пролет се планира  просторот околу мостот ќе биде зазеленет.

„Град Скопје успешно и во предвидениот рок ја заврши изградбата на новиот мост над реката Серава, на вливот во реката Вардар. Со изградбата на мостот над реката Серава на граѓаните на Скопје им се овозможува непрекинато движење по ролерско-велосипедската патека, од мостот кај хотелот „Александар Палас“ до мостот „Тодор Александров“ (поранешниот мост „Близнак“), во должина од околу 8 километри“, изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.

За изградба на мостот биле потрошени околу 4,8 милиони денари, а градежните работи ги изведуваше компанијата „Жикол“ Дооел Струмица.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада