16 Мај, 2024
0.0263

ФОТО: Прошетка низ најголемиот луксузен брод во светот, дело на Аткинс!

Објавено во: Стил 24 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

220 илјади тони тешкиот „Oasis of the Seas“ е најголемиот брод во светот. Широк е во просек 47 метри, за делот од палубата да достигне до над 65 метри ширина. Архитектонското стидио Аткинс, истото студио што го проектира и луксузниот комплекс на Субрата Рој во Љубавништа,  го работеше архитектонскиот и внатрешен дизајн на најголемиот луксузен крстосувачки брод во сопственост на „Royal Caribbean“. Бродот има капацитет за 5.400 гости . Со должина од 360 метри и висина од 65 метри , новата генерација вакви бродови овозможува поголем број гости и уште поширок спектар на забава и искуство. Овде е направен и првиот земен парк среде море, првиот рингишпил и лизгалиште на мраз, карпа за алпинисти и низа други занимливости. Ако застанете на нејзиниот клун, ќе бидете на иста висина како на Ајфеловата кула. Еве една кратка ФОТО прошетка низ „Oasis of the Seas“.