02 Мај, 2024
0.0250

Фото: „Прочка 2013“ во Прилеп ја слават и граѓаните и таткото на градот Ристески

Објавено во: Стил 17 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Македонските христијани денеска го започнаа овој ден со насмевка и барање на прошка од помладиот:  „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“. Прочка или Велики поклади, е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Во нашата земја најрепрезатативно Прочка  се прославува во градот Прилеп. А оваа традиција ја негува и таткото на градот Маријан Ристески и неговото семејтво. Оваа година нивната маска е баварци. Истата е поврзана со симболиката на најголемиот фестивал на пивото во Прилеп кој има тенденција да прерасне во светски бренд.
Групните и поединечни маски од рано изутрината се подготвуваат за големото дефиле напладне во рамки на 13 меѓународен карневал „Прочка 2013“. Голем број гости од земјава и странство се во Прилеп да ги видат маскираните и познатите прилепски мечкари. Мечкарите, заедно со гостите од Воден Грција уште од зори го подготвуваат изненадувањето - заедничката маска. Парадата ќе се одржи на булеварот „Гоце Делчев“, а стручна жири-комисија ќе ги оценува и ќе ги прогласи најдобрите групни и поединечни маски. Најавени се гости од сите карневалски градови од земјава и од Корча-Албанија, Шабац, Лесковац, Нови Сад, Врњачка Бања, Бања Ковиљача сите од Србија, четири групи од Хрватска од кои две се од Брач и по една од Лудбрег и Риека, од Разлог-Бугарија, за прв пат учество ќе земат и групи од Птуј-Словенија и од Воден-Грција.