(ФОТО) Премиерот Ковачевски со ќерката Тамара на средба кај Папата Франциск
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2022
Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на ќерката Тамара Ковачевска и делегацијата на Владата денеска беше примен на средба кај Папата Франциск.
Ковачевска го придружува премиерот во дводневна посета во Рим и Ватикан во рамките на традиционалните свечености во чест на 24 Мај - Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј,
Меѓудругото, за време на разговорот на средбата со Папата Франциск била истакната улогата на Светите браќа Кирил и Методиј со својата мисија да го шират христијанството на јазик разбирлив за словенските народи и поврзување на народите на Европа.
Ковачевски на Папата Франциск му подари рачно изработен фрагмент со калиграфско пишување на рачна изработена хартија од пофалното слово на Свети Климент Охридски, бројаница со традиционален охридски бисер и филигран, како и винил плоча од македонскиот виртуоз Влатко Стефановски.