(ФОТО) Пожар во зградата на СЕП, МИА и Инспекторатот за животна средина
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2020
Фото: Вангел Тануровски
Изутринава избувна пожар во зградата во близина на македонската Филхармонија, во која се сместени повеќе јавни и државни институции.
Во објектот на кеј „Димитар Влахов“ во центарот на Скопје, познат и како поранешен објект на Комерцијална банка, се сместени Секретаријатот за европски прашања, кој неодамна го превзема вицепремиерот Никола Димитров, Македонската информативна агенција и Државниот инспекторат за животна средина.
Противпожарната служба интервенира на првиот кат од зградата, а од таму велат дека сите вработени од смената се излезени на терен и дополнителни информации ќе има подоцна.
Евакуирана е целата зграда, а од инспекторатот, каде работното време почнува во 08:30 часот, за МИА велат дека при избувнувањето на пожарот немало вртаботени во нивните
простории.