28 Април, 2024
0.0267

ФОТО: Петте најскапи ѓердани во светот

Објавено во: Стил 23 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Ѓерданот е меѓу омилените украси на жените. Луксузните брендови произведуваат многу скапи модели, кои чинат повеќе од станот во кој живеете. Овие 5 ѓердани тука се најскапите во светот:

5. H. Stern Venus Necklace - 3,17 милиони долари

 

Има 110 карати дијаманти и 18-каратно злато. Овој ѓердан е поедноставен од останатите модели во својот дизајн.

4. DeBeers Marie Antoinette Necklace - 3.7 милиони долари

 

Во овој ѓердан има неколку вида дијаманти - 8.05 карати бели дијаманти, 1.84 розови и два жолти од 5.24 и 7.06 карати. Каратите за целиот ѓердан се 181.2, што го прави извонреден.

3. Neil Lane Diamond Necklace - 4 милиони долари

 

Гвинет Палтроу носела ваков ѓердан на наградите Оскар. Тој тежи 140 карати, а направен е од платина.

2. Diamond Pendant Necklace - 4.8 милиони долари

 

За разлика од другите скапи ѓердани, кои изобилуваат од камења, кај овој ѓердан имаме само еден единствен, но голем дијамант. Тој тежи 74.89 карати.

1. Garrard's Heart of the Kingdom Ruby - 14 милиони долари

Компанијата The House of Garrard создава уникатен накит, а овој ѓердан е од скапоцени камења кој се вметнати во основата. Високата цена е поради реткоста на камењата во неа - тој е направен од комбинација на ретки рубини и дијаманти.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти