04 Мај, 2024
0.0233

Фото: Палата на тркала која чини 3 милиони долари

Објавено во: Стил 11 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Во Дубаи се продава најскапиот моторен дом во светот, а е направен од чисто злато и вреди 3 милиони долари. Пространиот "eleMMent Palazzo" доаѓа со целосно опремена главна спална соба, 40-инчен телевизор, бар, камин, па дури и тераса на покривот.

Но, најимпресивното парче луксуз е "Sky Lounge" - на само еден допир на копче целиот дом се претвора во место за одмор со коктел бар, подно греење и екстравагантно осветлување.

Возилото е вистински хит меѓу богатите шеици, на кои им пружа целосен луксуз на екстравагантен дом во 12-метарска должина, колку што е долго самото тоа, додека се возат низ пустините.

Изработено е во две верзии, една со боја на вистинско злато и една со малку ’послаба’, бела верзија.