18 Мај, 2024
0.0278

(ФОТО) П.С. Фешн со несекојдневна ревија под вода

Објавено во: Мои пари 04 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Како бренд кој е вистински промотер на стилот и добриот вкус, П.С.Фешн со модна ревија ја претстави својата летна колекција на аксесоари и костуми за капење на Базен Аеродром. Пред бројни пријатели на брендот, познати јавни личности и медиуми, макенките на модното студио „Црнокрак” во два дела претставија што овој бренд подготви за жените како препорака за нивниот летен изглед.

„Со ова покажавме дека П.С.Фешн е вистински трендсетер на македонскиот пазар. Брендот има голем број пријатели кои го поддржуваат и без кои, немаше да биде на ова ниво каде што е во моментов. Нашата определба е да шириме модна култура, да ги предизвикуваме дамите да ги следат светските модни трендови и едноставно, да носат стилски парчиња кои П.С.Фешн со задоволство ги креира за нив”, изјави Марија Михаилова, Генерален менаџер на П.С.Фешн Македонија.

Како амбасадори на брендот, на ревијата присуствуваа Дани Димитровска, екипата на естрадниот магазин Бекстејџ и Елена Стефановска. Во првите редови можеа да се видат и други познати македонски јавни личности како и дел од бизнис заедницата.

Ревијата заврши со подводно фотографирање на моделите кои ги носеа летните костими за капење на П.С.Фешн, со што се даде убава завршница на оваа стилска манифестација.

П.С.Фешн го продолжи трендот на промоција на модните парчиња преку ексклузивни модни ревии со уникатен концепт. По ревијата во состав на Fashion Week Skopje одржана во Скопје Сити Мол, ова е втор настан од овој тип во текот на оваа година. Од брендот најавуваат дека со ова ќе започне летото исполнето со активности наменети за дамите, со цел летната колекција да биде дел од сечија модна комбинација ова лето.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата