02 Мај, 2024
0.0257

Фото: Ова е жената поради која Хорхе Берголио станал свештеник и папа

Објавено во: Стил 16 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Амалија Делмонте, сега белокоста 76 годишна дама некогаш била првата љубов на новиот папа Хорхе Берголио. Флорес област во Буенос Аирес е местото, каде што израснал и Хорхе Берголио и ја запознал Делмонте, новиот папа уште на своите 12-13 години бил многу сериозен и, и напишал писмо во кое  и понудил брак и "Бела куќа" во која ќе живеат. И ако таа го одбие, тој се заканува дека ќе мора да стане свештеник ... Амалија вели дека се уште се сеќава на шамарот кој го добила од својот татко поради тоа писмо. Г-ѓа Делмонте, која се уште живее само четири влеза од домот на Берголио од неговото детство, вели дека бил запрепастена кога видела на телевизија дека тој е новиот папа. За младиот Берголио и нивното детство, таа има само убави спомени.